Силна детонација вчера попладнето се слушнала во станбениот комплекс „Соравија“ на Водно.
Од полицијата информираат дека околу 17:45 часот била пријавена детонацијата, а по извршениот увид е утврдено дека има оштетува на фасадата на една од зградите.
При детонацијата нема повредени лица, а според првичните информации оштетувањето најверојатно е од проектил.
Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.