Децата кои користат таблети и смартфони ризикуваат да развијат проблеми со прстите и рацете.
Стручњаците тврдат дека децат кои користат уреди на допир не ги развиваат мускулите и тоа може да им создаде проблеми со прстите и рацете.
Лиднзи Марзоли од американскиот Центар за учење и терапија наведува дека децата кои користат таблети и “паметни” телефони губат интерес за активности со молив и хартија и на тој начин доаѓа до слабеење на мускулите на прстите и рацете. Тимоти Дора од Медицинскиот центар во Балтимор вели да се обрне внимание на пречките во развојот кои се појавуваат кај децата кои користат таблети и смартфони по 3 до 4 часа дневно.
Лорна Тајлер наведува дека напредокот ово технологијата и модерниот начин на живот негативно влијаат на мускулниот и скелетниот развој на децата. Таа предупреди дека овие уреди децата не би требало да го користат повеќе од 2 часа дневно и дека децата помлади од 2 години воопшто не треба да ги имаат овие уреди во своја близина.
Стручњаците препорачуваат и тоа во детските соби да не се ставаат уреди како компјутери, телевизори и телефони.
Лидер.мк