Петгодишни ученици во едно школо во Германија добиле книга со сексуални содржини, каде им се објаснува како да стават кондом и како да доживеат оргазам.
Родителите збеснале кога виделе каква книга добиле нивните деца, со име „Од каде си дошол?“, книга која што содржи експлицитни цртежи со секс.
Книгата говори за двојката – Лиси и Ларс, која поминува низ различни фази во односот, а на еден од цртежите се гледа како Лиси го става кондомот на Ларс, додека следниот цртеж прикажува како двајцата имаат секс.
Родителите не биле само загрижени поради експлицитните цртежи, туку и поради експлицитниот опис како: „Кога е толку добро, да не може да биде подобро, Лиса и Ларс имаат оргазам“, и „Вагината и пенисот се чувствуваат убаво и топло“…