Деца се опивале со течност за шофершајбни – се борат за живот


Бугарски лекари се борат за животи на шест млади момчиња и девојки кои паднале во кома откако консумирале течност за перење шофершајбни. Оштетени им се функциите на мозокот, бубрезите и други витални органи.  

tecnost za sofersajbnaМладите на забава во селото Падеш близу Благоевград консумирале течност за перење шофершајбни, мислејќи дека пијат домашна ракија

Младите испиле околу 3 литри од оваа течност

Според лекарите, нивната здравствена состојба е многу тешка и животите им се во опасност.

Тие на забавата мешале три литри течност за шофершајбни со сок од јагоди. Сите кои пиеле се во опасност.

Забавата била во понеделникот, но младите луѓе побарале помош синоќа кога почувствувале мачнини, вртоглавица и паднале во кома.

Оштетени им се функциите на мозокот, бубрезите и други витални органи.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1