Лихвар го тужел должникот на суд – си доби кривична за лихварство


Дваесет и осум годишниот С.А. од с. Черкезе, Куманово поднел тужба и кривична пријава против О.Ј. до Основниот суд Куманово, затоа што не му ги врател парите кои со лихварство му ги позајмил.

pariТоа било шанса полицијата да утврди дека пријавениот врши незаконски дејствија и да поднесе пријава против него.

Во текот на септември 2009 година, пријавениот со намера да се стекне со противправна имотна корист на О.Ј. од Куманово му дал на заем 7.000 евра, со договор до јануари 2010 година О.Ј. да му врати износ од 10.000 евра.

Како гаранција за дадената позајмица, истиот со мајката на О.Ј. склучил преддоговор за купопродажба на дел од куќа во износ од 20.000 евра, во која било наведено дека дал износ од 10.000 евра, а остатокот наводно ќе го исплател во јануари 2010 година.

Сител

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1