Децата кои изгореа во пожарот се од социјално загрозено семејство


Семејството на трите деца кои вчера настрадаа во пожар во Велес било евидентирано во системот на Центарот за социјална работа во Велес и биле корисници на социјална парична помош, информира денеска Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

„Денес, општина Велес во соработка со Центарот за социјална работа се ангажираат за организирање на погребот за настраданите деца. Во тек е истрагата на Основното јавно обвинителство и Министерството за внатрешни работи. За сите понатамошни детали од истрагата, како и за постапувањата на Центарот за социјална работа, согласно потребите и надлежностите, јавноста ќе биде благовремено информирана“, соопшти МТСП.

Јавното обвинителство на Република Македонија информира дека родителите ги заклучиле децата и заминале во продавница, а за тоа време, од засега непознати причини, избувнал пожар и за кратко време ја зафатил куќата во која животот го загубија три деца на возраст од четири, две и една година. Увид на лице место извршил надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес кој издаде наредби за обдукција на телата на починатите деца и вршење на идентификација. Ќе се врши проверка на трагите земени од лице место за да се утврдат причините за настанување на пожарот.

Во пожар на куќа на улица „Даре Џамбаз“ б.б над последните куќи под ридот Вршник во високиот дел на Велес во пожар на трошна куќа која се наоѓала во шума изгореа три деца на една, две и четири години.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1