Децата ми се лизнаа во морето, не успеав да ги додржам – потресно сведоштво на таткото на удавените деца


Таткото на тригодишното дете чија фотографија како лежи мртво на плажата во Бодрум, Турција го обиколи светот, вели дека единствено што посакува сега е да лежи во гроб со своите деца.

Тригодишното удавено дете Ајлан Курди, кое беше исфрлено на брегот во турскиот округ Бодрум, беше меѓу дванаесетмината сириските бегалци, за кои се претпоставува дека загинале оваа недела во обид да стигнат до грчкиот остров Кос. Фотографиите со тригодишното дете беа објавени од социјалните мрежи и други медиуми и предизвикаа шок во целиот свет.dete sirija

– Ми се лизна од рацете, изјави таткото на детето Абдулах Курди.

Тој раскажа за ужасните трауми за време на семејното „патување на надежта“ во чамец од турскиот брег до Кос.

За време на патувањето Абдулах Курди ги загубил двете деца, Ајлан и Галип, како и сопругата 27-годишната Захим Курди. Абдулах успеал да се спаси и допливал до турскиот брег.

Тој изјави дека неговото семејство два пати се обидувало да стигне до Кос и оти два пати плаќало за тоа.

– Првиот пат не запре крајбрежната стража. Вториот пат организаторите не го одржаа зборот и не ги доведоа чамците. Поради тоа сами си обезбедивме чамец, истакна тој.tatko migrant

Тој рече дека бил принуден да ја преземе контролата на чамецот откако капетанот скокнал во паника во морето кога имало премногу високи бранови.

– Влеговме во морето и за неколку минути капетанот забележа дека брановите беа многу високи и како што се обидуваше да го управуваа чамецот и да ја преземе контролата, бевме погодени од силен бран. Тој во паника се фрли во морето и избега. Јас го презедов управувањето на чамецот, но брановите беа толку високи што потона веднаш.

Откако поминале 500 метри од брегот чамецот почнал да се полни со вода. Патниците биле во паника.  – Имавме појаси за спасување, но чамецот се преврте. Ја држев жена ми за раце, а децата едноставно ми слизнаа се од рацете, раскажа Курди.

– Не бев во стостојба да ги слушнам гласовите на моите деца, бидејќи луѓето наоколу врескаа. Се обидов да ги спасам моите момчиња, но не успеав, додаде тој.

– Моите деца беа најубавите децата во светот. Прекрасни. Тие ме будеа секое утро да си играм со нив и сега, ги немам и двете. Сега се што сакам е да лежам во гроб во близина на мојата сопруга и децата – рече таткото за „Скај њуз“.

Фотографијата на Ајлан Курди го истакна во прв план прашањето за тоа како очајните мигранти ги ризикуваат своите животи за да се обидат да стигнат до Европа.

Курди објасни дека чамецот бил преполн, на него се наоѓале 13 луѓе. Тој со двете деца и неговата сопруга сакале да стигнат до Канада и да се пријават со статус на бегалци.

 

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1