Погледнете какво стампедо од мигранти доаѓа кон Македонија (Видео)


„Бура од мигранти“ се насловите на светските медиуми кои го најавуваат доаѓањето на бранот бегалци кој се движи кон македонската граница од Грција. Голем дел од нив синоќа пристигнаа во Атина кои веќе се упатија кон Македонија и се очекува да пристигнат во текот на утрешниот ден, а потоа да продолжат кон земјите од Европската унија.

bura-od-migranti-630x315

Бегалците ја преплавија Европа, железничките и автобуските станици, а ЕУ се уште нема решение како да се справи со овој проблем. Дали да се затворат границите е прашањето на раздор помеѓу европските лидери кои сакаат да се заштитат од големиот наплив. Само во последниот месец во Германија пристигнале 104 460 мигранти кои побарале азил во земјата. Германија потврди дека во годинава тој број ќе достигне до 800.000 кои побарале азил.

Унгарија, на која и изградениот ѕид на границата не и помогна да се преполни плоштадот во Будимпешта со мигранти, најави нов пакет со повеќе мерки за 15 септември и побара од земјите членки на ЕУ да не ја критикуваат поради тоа што сака да се заштити. Унгарија најави дека тоа ќе биде државата од каде ќе се контролира влезот и бројот на мигранти во Европската унија.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1