Сега кога владејачката коалиција во Унско-санскиот кантон влегла и ќерката на Фикрет Абдиќ, јасно е дека на власт во Федерацијата БиХ и ентитетите, ќе има тројца директни потомци на воени политички лидери.
Формирањето на владата во БиХ по октомвриските избори сè уште не завршено, но во главно е јасно кои политички партии ќе бидат на власт. Повеќе од девет политички партии ќе ја сочинуваат власта во државата и ентитетите, а тој број е уште поголем со кантоните. Меѓутоа, интересно е дека власта во БиХ заедно ќе ја сочинуваат партии чии лидери и функционери се директни потомци и воени политички лидери, пишува српски Kurir.
На власт, имено, заедно ќе бидат ќе бидат Партијата за демократска акција, на чие чело е актуелниот заменик претседател Бакир Изетбеговиќ, син на Алија Изетбеговиќ. Алија Изетбеговиќ починал во 2003. година, пред против него да биде отворено обвинение за воени злосторства, според кое се товарел за геноцид, воени злосторства над цивили и заробеници и уништување на културни и историски споменици од 1. мај 1992. до 14. декември 1995. година.
Потоа, со нив на власт ќе биде и Српската демократска партија, чиј висок функционер е Соња Караџиќ, ќерка на Радован Караџиќ, поранешен претседател на партијата и обвинет воен злосторник.
Во владејачката коалиција ќе влезе и Лабуристичката партија, која ја предводи Елвира Абдиќ Јеленовиќ, ќерка на Фикрет Абдиќ, член на претседателството на РБиХ и осуден воен злосторник. Абдиќ ја издржал својата казна и сега е на слобода.
Судбоносното “да” кое ќерката на Абдиќ го кажала во партијата која ја води Бакир Изетбеговиќ при формирањето на парламентарното мнозинство во УСК, како и потврдниот одговор на Изетбеговиќ за Српската демократска партија, со која формира власт на државно ниво, кај многумина ги вратиле сеќавањата од деведесеттите години од минатиот век.
Иако сојузниците од власта во 90-тите години ги раздвоила војната, во која татковците на оние кои денес владеат заедно биле на различни страни, во повоениот период “ПДА” и “СДП” често создавале коалиции и имале заеднички интереси, кои цврсто ги бранеле.
Но, ова е прв пат “ПДА” на власт да доведе и партија која ги застапува идеолошките принципи на Фикрет Абдиќ.