Еве што не чека: Ова се најголемите опасности за светот во 2015. година!


Деветстотини експерти кои добиле задача да ги проценат главните глобални ризици, нивната веројатност и можното влијание во наредните десет години, оцениле дека „меѓудржавните судири со регионални последици“ се најголем ризик што се однесува на веројатноста, пишува во соопштението на организаторот на Светскиот економски форум познат како Форум во Давос.tajni znaci apokalipsa

Второто место го заземаат екстремните климатски појави и неуспехот во управувањето со земјата, а на трето место е ризикот од крах или криза на државите и невработеноста или високата структруна недостапна вработеност.

Што се однесува на последиците, „криза за вода“ е на врвот на листата, пред брзото и масовно ширење на заразни болести и оружјето за масовно уништување. Меѓудржавните судири се на четврто место, пред неспособноста за прилагодување на климатските промени, се истакнува во десетиот број на овој извештај.apokalipsa-nevreme-poplave-suse-1396300215-471663

– 2015 ќе биде година во која ќе има геополитички ризици, кои изостанаа од листата на ризици последниве пет години, се истакнува во соопштението, со напомена дека ризиците од судири и ризиците поврзани со оружје за масовно уништување и со трористички напади ќе зајакнат во однос на 2014.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1