Детска клиника и Максилофацијална хирургија добија нови директори


Доктор Наташа Најдановска-Алулоска е назначена за нов медицински директор на Универзитетската клиника за детски болести на местото на досегашниот директор Катарина Ставриќ, а д-р Даница Поповиќ-Моневска е назначена за нов медицински директор на Универзитетската клиника за хирургија на лице, вилици и врат – максилофацијална хирургија, на местото на досегашниот директор Славе Наумовски, соопшти Министерството за здравство по објавените јавни конкурси за именување директори во јавните здравствени установи.

Во останатите јавни здравствени установи, кои беа опфатени со овој конкурс, за директори се именувани досегашните вршители на должност.

Доктор Насер Муареми е назначен за в.д. организациски директор на Универзитетската клиника по кардиологија, а Џемиле Јусуфи за в.д. медицински директор во Универзитетскиот институт по клиничка биохемија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1