Детската болница во Козле станува центар за лекување на Ковид позитивни


Со помош од 7 интернисти и двајца инфектолози како и дополнителни 60 легла, Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле ќе биде Ковид болница и за возрасни. Од понеделник можат да хоспитализираат пациенти со корона вирус од сите возрасти но не и тешко болни бидејќи установата нема интензивна нега. Изминатите два дена педијатрите испратиле на на домашно лекување 27 деца, три биле префрлени во Клиниката за детски болести а на болнички третман останале само 4 кои се сомнителни на Ковид-19.

-Болницата во Козле продолжува и понатаму со третманот на децата кои се суспектни на вирусот со дијагностика и секако третман ако се заболени со вирусот, но има и расположиви средства и капацитет за третман и на возрасни, вели др. Ангелчо Андоновски, директор на болницата за белодробни заболувања во Козле.

Здравствените власти и Комисијата за заразни болести одлучија и болницата во Козле да ги пренамени своите капацитети за Ковид пациенти бидејќи инфективните одделенија во државата се преполни и има повеќе од 330 хоспитализирани. Две одделенија во оваа установа ќе бидат за деца а останатите за возрасни.

-Со централен довод на кислород, оптимален број на кревети, болницата може да профункционира беспрекорно, вели Андоновски.

За да не дојде до колабирање на системот поради напливот на пациенти, голем дел здравствени работници од внатрешноста се на испомош во ГОБ 8ми септември и во Инфективна кои се преопотоварени изминатиот период. Во овие две установи има околу 200 пациенти кои се на болничко лекување.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1