Две деца од четиричлено семејство кое се вратило од Германија позитивни на КОВИД-19


Две деца на возраст од 5 и една и пол година, кои штотуку влегле преку граничниот премин „Табановце“ во Македонија, враќајќи се од Германија, се заразени со коронавирус, пишува sdk.mk.

Децата веднаш биле однесени во адаптираната болница за Ковид-пациенти во Козле.

Родителите се негативни на вирусот, но и тие најверојатно ќе бидат во двонеделен задолжителен карантин, поради контакт со заразените деца.

Семејството патувало со автомобил. Сите се македонски државјани. Поради правилото со законска сила дека за да влезат во Македонија мора да имаат направено тест за коронавирус не постар од 72 часа, четворицата се тестирале во Ниш.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1