Во отсекот за несакани поствакцинални реакции во рамките на клиниката, досега не е регистриран случај на сериозна поствакцинална реакција со смртен исход, се наведува во соопштението.
Мислењето што го добиваат пациентите е важно, бидејќи од тоа зависи дали ќе се продолжи со имунизацијата, велат од детската клиника, во писменото соопштение.
Во врска со шпекулациите околу безбедноста на вакцината против морбили, лекарите од Детската клиника во Скопје, сметаат дека интерпретацијата на медицинските и немедицинските информации од страна на нестручни и медицински необразовани лица доведуваат до оправдана забуна, сомнеж и страв кај родителите, што пак е закана за целокупниот стратегиски план за заштита, уривање на системот за создавање колективен имунитет и неможност за искоренување на соодветната болест на државно, но и на глобално ниво.