Многу Италијанци за катастрофата го обвинуваат организираниот криминал. Планирањето на мостот Моранди почна во почетокот на 60-тите и автопатот чиј дел е надвозникот беше отворен во 1967 година.
Иако нема докази за криминални дејствија во неговата изградба, Првата италијанска република (1948-1992) беше ноторно позната по вмешаноста на христијанските демократи со организираниот криминал во земјата. Партијата добиваше гарантирани гласови и богати донатори во замена за доделување државни тендери и договори на криминалните групи.
Во изминативе пет години низ Италија се срушија вкупно девет мостови. Познато е дека државните договори се еден од главните извори на пари за рани мафијашки групи во земјата.
Овие договори се од различни сектори, од комунална служба до здравство и градежништво.
На ниво на целата земја, мафијата е толку вплеткана во големите градежни проекти што во 2001 година тогашниот министер за инфраструктура Пјетро Лунарди ги шокираше Италијанците кога изјави дека „проблемите со мафијата секогаш постоеле и ќе постојат… треба да научиме да живееме со оваа реалност“.
Реалноста е дека овие договори честопати се мотив за убиства бидејќи луѓето кои ќе се спротистават или поставуваат многу прашања за наместените тендери се ликвидираат.
Антимафијашките организации честопати обвинуваат дека самите испектори честопати се изложени на закани или подмитување, што значи дека проценките за безбедност не се објективни.
Ова е особено опасно во градежништвото каде поради ваквото добивање на тендери за градење јавна инфраструктура се користи „осиромашен цемент“ што е поевтин, но разликата во цената очигледно се плаќа во човечки животи.