Девет повредени во пожарот во Кочани примени во Ургентен центар во Белград и тројца на ВМА


Девет пациенти повредени во пожарот во дискотека во Кочани пристигнаа во Ургентниот центар на Србија, додека тројца пациенти се примени на Воено-медицинската академија (ВМА), јави МИА од Белград.

Дванаесет пациенти повредени во несреќата во дискотеката во Кочани ноќеска со авион CASA C-295 на српската армија се пренесени од Скопје во Белград и ќе бидат згрижени во ВМА и Клиничкиот центар на Србија. Дел од нив имаат тешки изгореници.

„Дијагностичките процедури беа започнати и завршени за пациентите веднаш по приемот. Станува збор за повреди од изгореници кои зафатиле помеѓу два и 28 проценти од површината на телото. Сите пациенти покажуваат симптоми и знаци на оштетување или контакт со токсични гасови произведени за време на пожарот, но некои имаат и изгореници на горните дишни органи и тие се класифицирани како сериозни повреди опасни по живот“, изјавија од Ургентниот центар во Белград, пренесе Танјуг.

„Засега немам дополнителни информации дали ќе дојдат уште пациенти, но ние сме подготвени за тоа. Тешко е да се зборува за прогнози за изгореници, но тоа ќе стане јасно во наредните денови.

Нашите пациенти се млади, на возраст од 18 до 35 години, тие се рехабилитирани и нивниот третман продолжува бидејќи тоа е долготраен процес кој бара недели лекување. Еден пациент е на механичка вентилација и е најтешко повреден“, изјавија за медиумите од Ургентниот центар во Белград.

Претходно, авион со четворица лекари и четворица медицински техничари полета за Скопје за медицинска евакуација на повредените во несреќата. Двајца пациенти кои со воени амбулантни возила биле пренесени од Скопје на лекување во Воената болница Ниш и Клиничкиот центар Ниш.

За да им се пружи помош на повредени, планирано е во Северна Македонија да останат двајца лекари од ВМА (пластичен хирург и анестезиолог) и медицински техничар.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1