Девојки купиле лек од аптека и починале истиот ден


22-годишната Британка Натали Сејмор и нејзината канадска колешка 27-годишната Еби Гејл Амисола починале во хостел во Камбоџа само 6 дена откако тргнале на пат, пренесува Мирор.

Двете девојки пателе од силни симптоми на труење – пролив и повраќање.

Одлучиле да купат лек против повраќање во локална аптека, а само неколку часа од конзумирањето биле пронајдени мртви во хостел.

Полицијата во Камбоџа истражила во нивната хостелска соба и го пронашла мобилниот телефон на Натали во кој гуглала симптоми на „повраќање толку силно што чувствувам болки во градите“ и „силни грчеви во стомакот од непозната причина, што да правам“.

Исто така била загрижена од бојата која ја исфрлала – жолта и зелена. После детална инспекција, крај секој од креветите пронајдени биле кутии со таблети од кои недостасувале неколку парчиња. Полицијата се сомнева дека девојките случајно се предозирале.

Натали во 2017 година ја напуштила својата работа како сметководител за да птува по светот. После обдукцијата, во желудникот на девојките била пронајдена отровна содржина, како и оштетување на црниот ддроб кое настанало после конзумирањето на лековите.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1