Поднесена првата тужба до Уставен поради забраната за прием во училиште на невакцинирано дете


Осумгодишниот Никола Мијалков е аутистично дете кое досега не примило ниту една вакцина, поради што не е примен во прво оделение. Неговиот татко Зоран, ангажирал адвокат со кој поднеле тужба против Уставниот суд затоа што дете со аутизам, кое ги нема примено сите вакцини не е запишано во прво одделение, јавува Курир.мк

-Покрената е постапка за молк на администрација, во меѓувреме поднесено е барање за времена мерка до Управниот суд за времено да го регулира овој статус. Покрената е постапка и пред Уставен суд за дискриминација и повреда на права на убедување, вели адвокатот Трајче Торов.

Адвокатот додаде дека тужат и по основ на молк на администрацијата, бидејќи од мај кога се доставени документите за упис во прво одделение за малиот Никола па се до денеска немаат добиено никакво писмено известување од надлежните Комисии за уписи.

– Во овој случај невакцинирањето не е причина за непосетување на настава бидејќи ни побараа документ во кој се потврдува дека оваа вакцина треба да биде одложена. Документот и сè што побараа ние доставивме, но, еве моето дете се уште не е тргнато во прво одделение, вели таткото Зоран.
Од Општинското Основно училиште „Ванчо Прќе“ со став дека работат согласно законите и препораките на Министерството за образование, а кое на 23. Октомври на нивно барање им испратиле мислење дека детето може да се запише на училиште со потврда за одложување на вакцината.

-Отако го донесоа потребниот документ, ние реагиравме и Министерството за образование и наука е на мнение дека ученикот треба да биде запишано во нашето училиште, вели Папаров кој додава дека од сето ова произлегува дека прболем во основа нема, но прашњето е кој е виновен што Никола изгуби два месеци ефективна настава и како таа ке се надополни.

Смета дека случајот е решен оти родителот е известен дека неговото дете може да почне со наставата во прво одделение.

Мијаков на службите во училиштето најавил дека неговиот син со настава ќе стартува од утре.

Курир.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1