Девојче (7 одделение) – го избодела наставникот зошто и рекол дека мора да учи


Четиринаесет годишната С.М., ученичка во 7 одделение во четвртокот попладне со остар предмет го повредила учителот по историја Ј.И. во осовно училиште во Врање, бидејќи и рекол дека мора да ги научи лекциите ако сака да ја избегне слабата оценка, пишува српски „Курир“ 

Инцидентот се случил за време на големиот одмор.

ucenica-skola-profesor-napad-noz-1365891608-296395За време на часот, учителот на предупредил С.М. дека ќе и останане единицата доколку не го загрее столчето и почне да учи. Таа се изнервирала, па му упатила серија навреди и пцовки на учителот. Кавгата ја прекинало ѕвончето по што наставникот по историја излегол од училницата, а девојчето му пришло во ходникот и со остар предмет го исекло по градите и по стомакот.

Учениците кои биле во близина почнале да вриштат кога виделе дека учителот е цел со крв.Бидејќи во ходникот имало многу гужва никој не видел со што таа го нападнала, но се претпоставува дека е шестар или некое џебно ноже. Наставникот имал сериозни повреди, кои не биле опасно по неговиот живот.

Во полицијата овој случај не бил официјално пријавен, а професорот не сакал да разговара со новинарите – колегите велат најверојатно се плаши од одмазда од родителите. Во училиштето  е итно закажан родителски состанок.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1