Девојче имало забоболка, а причината го шокираше светот


Девојчето се пожалило дека ја боли заб, ја одвеле на стоматолог, а тој открил дека таа има 220 заби!

Малата Индијка се жалела на мајка си дека има силни болки и отоци во устата. Мајката ја одвела кај стоматолог за да види што е проблемот.

zabi

Рендгенот покажал дека девојчето пати од синдромот одонтом-комплекс тумор составен од нормални забни ткива кои нараснале на неправилен начин. Седумгодишното девојче морало да поднесе два часа операција.

„Беше толку страшно да видите така сложена ситуација кај толку мало девојче“, рекол д-р Ajoy Roychoudhary, шеф на орална и максилофацијална хирургија во Институт во Њу Делхи.

„Обично гледаме неколку абнормални заби, но 202 заба на седумгодишно девојче е навистина шок. Нашата главна задача беше да се ослободиме од тоа“ додал тој.

Докторот рекол дека зафатот бил релативно едноставен, но дека барал висока прецизност затоа што една грешка би можела да предизвика кршење на вилицата, што би довело до трајна деформација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1