Девојче страдаше во сообраќајка играјќи „Покемон гоу“ (ФОТО)


„Луѓе, ве молам, внимавајте што вашите деца прават, бидејќи тие едноставно не размислуваат!“, е апелот на една мајка чијашто 15-годишна ќерка за малку загинала играјќи ја популарната игра на паметните телефони – „Покемон гоу“. Несреќата се случила во Пенсилванија, а станува збор за мајката Трејси Нолан и нејзината ќерка Отом која ја молела мајка си да ѝ го позајми мобилниот за да може да ја симне апликацијата за играта „Покемон гоу“ и да заигра како и нејзините многубрјојни врсници.pokemon(1)

Мајката попуштила на молбите на ќерката, а само половина час подоцна ја повикале од болницата со веста дека Отом е хоспитализирана бидејќи настрадала на улица. Отом се здобила со повреди на клучната коска и стапалата, како и со модринки и гребнатини.

Како што Отом подоцна ѝ раскажала на својата мајка, дека трчала по својот виртуелен Покемон, и девојчето тврдело дека погледнало три пати преку улицата, но кога тргнало едноставно ја покосил автомобил.363F699900000578-3689166-image-m-28_1468446591385

– Луѓе, навистина бидете претпазливи, никаква игра не е вредна за човечки живот. Родители, добро размислете дали сакате на своите деца да им ја дозволите оваа игра. Во ред е кога за неа постојат затворени, организирани простори, но кога децата и луѓето ја играат надвор, навистина постои огромна опасност. А, само една секунда невнимание може да однесе човечки животни – очајно рекла мајката, а навистина децата се расеани, не размислуваат, тргнуваат, не гледаат ниту лево ниту десно, а така најлесно може да страдаат бидејќи не внимаваат каде одат.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1