7 годишната С.Р. од Битола на -10 степени со часови седеше на Широк сокак и со детска песна измоли по некој денар од минувачите, пишува Вест.
“Мама и тато се дома, не работат. Вака ќе соберам пари за лепче за празниците. Ќе има што да јадеме. Песничката ја научив на училиште и многу сакам да ја пеам”, рече премрзнатото девојче. Ги броеше десетденарките додека луѓе носеа торби полни со храна за празниците, малата битолчанка потсети на ликот од Андерсеновата бајка “Девојчето со кибритчињата”.
Цела сторија на Вест.мк