Полицијата во Калифорнија информираше дека тинејџерките користат медицински рецепти со цел да ги успијат нивните родители со цел да можат да се логираат и да бидат на интернет.
Родителите ги повикале полициските служби во градот Роклин, по што нивната петнаесетгодишна ќерка и нејзината шеснаесетгодишна другарка биле префрлени во малолетнички притворнички центар.
Според полициските извори двете девојчиња купиле милкшејк од ресторан за брза храна, го помешале со лекови и им го дале на родителтите.
Родителите се посомневале следниот ден дека нешто се случило, па по направениот тест увиделе дека кај нив има присуство на лекови за смирување.