Девојка доживеа ужас: Шокантно видео – Што може да ви се случи ако ве касне пајак


Шокантното видео ја прикажува раната од која ќе ви се преврти желудникот. Убодот од пајак ја разбудил 21-годишната Лорен Реид од Бирмингем, а не ни помислувала дека најлошото допрва следува.

-Спиев во својата соба кога почувствував дека нешто ми ползи по левата рака. Го турнав и почувствував дека нешто виси од мојата рака. Погледнав подобро и видов нешто што личеше како дебели црни влакна. Ги извлеков, ја исчистив раната и продолжив да спијам, објаснува Лорен.pajak

До следното утро раната потекла како голем изрсток, па Лорен заминала на лекар кој и препишал антибиотици и ѝ објаснил дека станува збор за огромен гној.

Лорен чувствувала силна болка и тврдела дека раката ѝ е парализирана во неприродна позиција, ѝ било лошо, чувствувала мачнина и ја обливале бранови на студ и топлина. Ја посетила дежурната амбуланта каде што ѝ кажале дека ќе треба да поминат неколку денови додека антибиотиците не започнат да делуваат.

Но, поради се посилните болки, на препорака од пријател Лорен заминала на клиниката за итни случаи каде што лекарите се шокирале кога ја виделе нејзината рака. Четири дена останала во болница и примала интравенски антибиотици, но никој до ден денес не знае кој пајак ја нападнал.

Доколку не заминела веднаш на итна, голема е веројатноста дека ќе биле приморани да ѝ ја ампутираат раката.

Иако се вратила дома, Лорен не сака повеќе да спие во својата соба и се плаши да остане сама.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1