Триесет и двегодишна девојка од Скопје нападнала полициски службеници, откако тие ја замолиле да се легитимира и да и биде извршена царинска контрола на скопскиот аеродром “Александар Велики“.
Таа одбила да го направи тоа, по што физички ги нападнала полициските службеници нанесувајќи им телесни повреди, а на еден од нив му ја скинала униформата.
На пријавената бил извршен алкотест по што било утврдено присуство на алкохол во крвта од 0, 35 промили.