Елојс Пери (21) од Велика Британија завршила во болница на 12 април откако на своја рака зела четири пати поголема доза на таблети за слабеење.
– Лекот веќе беше во нејзиниот крвен систем, немаше противотров. Дозволено е да се земат две таблети, а таа зела осум – изјавила за медиумите нејзината мајка Фиона, додавајќи дека персоналот во болницата дал се од себе да го спасат животот на младата девојка, но немало никакви шанси да се извлече.
– Состојбата рапидно и се влошуваше. Кога таблетите започнаа да делуваат, метаболизмот ненормално се забрзал. Се обидуваа да ја изладат, но и немаше спас – наведува ужаснатата мајка, објаснувајќи дека Елоис буквално изгорела одвнатре.
Од полицијата изјавиле дека таблетите за слабеење содржат динитрофенол, токсична боја која помеѓу останатото се користи и како метаболички стимуланс.
– Мора да изразиме загриженост поради тоа што ваков тип на производи може да се купат на интернет, и даваме се од себе нивната продажба да ја ставиме под контрола – изјавила Џенифер Метинсон, началничка на полицијата, додавајќи дека овој совет им е упатен на сите да не земаат никакви производи кои содржат динитрофенол, или, како што се означува со етикетата ДНП, објаснувајќи дека тоа не е магина пилула за слабеење туку смртоносен отров.