Девојка нарачала таблети за слабеење па буквално изгорела одвнатре (Видео)


Елојс Пери (21) од Велика Британија завршила во болница на 12 април откако на своја рака зела четири пати поголема доза на таблети за слабеење.

– Лекот веќе беше во нејзиниот крвен систем, немаше противотров. Дозволено е да се земат две таблети, а таа зела осум – изјавила за медиумите нејзината мајка Фиона, додавајќи дека персоналот во болницата дал се од себе да го спасат животот на младата девојка, но немало никакви шанси да се извлече.tabletiii_2222

– Состојбата рапидно и се влошуваше. Кога таблетите започнаа да делуваат, метаболизмот ненормално се забрзал. Се обидуваа да ја изладат, но и немаше спас – наведува ужаснатата мајка, објаснувајќи дека Елоис буквално изгорела одвнатре.

Од полицијата изјавиле дека таблетите за слабеење содржат динитрофенол, токсична боја која помеѓу останатото се користи и како метаболички стимуланс.

– Мора да изразиме загриженост поради тоа што ваков тип на производи може да се купат на интернет, и даваме се од себе нивната продажба да ја ставиме под контрола – изјавила Џенифер Метинсон, началничка на полицијата, додавајќи дека овој совет им е упатен на сите да не земаат никакви производи кои содржат динитрофенол, или, како што се означува со етикетата ДНП, објаснувајќи дека тоа не е магина пилула за слабеење туку смртоносен отров.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1