Девојка од Скопје и давала злато и пари на гатачка за да ја спаси од црна магија


Девојка од Скопје наседнала на убедувањата на гостиварка дека ќе ја спаси од влијанието на црна магија за што ~ давала злато и пари. Случајот е пријавен во гостиварската полиција, од каде што најавуваат кривична пријава за измама.

gatacka

Според СВР Тетово, скопјанката М.Р. (25) во полиција пријавила дека Џ.Х. (33) неколкупати зела пари, златен накит и други предмети, но не  помогнала.

Двете жени се запознале на скопската автобуска станица на 7 септември при што гостиварката ~ „открила“ дека таа е опседната од зли сили. За да помогне предложила да дојде во Гостивар на неколку сеанси.

Наивната скопјанка, неколкупати носела постелнина, златен накит, предмети и пари. Kога сфатила дека не ~ станува подобро и се посомневала во измама, случајот го пријавила во полиција. По извршените разговори со оштетената и со осомничената за измама, најверојатно ќе следува пријава, Годинава во поширокото гостиварско подрачје се регистрирани вкупно 12 измами.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1