Девојка замрзната 500 години (Видео/Фото)


Девојка која што била убиена и принесена како жртва на боговите на Инките, некаде меѓу 1450 и 1480 година, била на приближна возраст од 11 до 15 години и е совршено зачувана како мумија.

devojka zamrznataНејзините внатрешни органи се недопрени, крвта се уште е присутна во нејзиното срце и бели дробови, а кожата и лицето речиси и да не се оштетени, Без некои специјални напори, девојката биа зачувана и по 500 години подоцна и се уште изгледа како заспано дете.

Мумифицираното тело на девојчето било откриено во планината Ampato (дел од Андите) во јужниот дел на Перу. Подоцна експедициите, пронашле уште две мумии, една млада девојка и едно момче. Зачувувањето на нивните тела, толкав долг временски период, се должи на ниските температури и нивната облека која речиси била совршено сочувана. Еден научник подоцна и го дал името, „Хуанита“, која моментално е изложена во музејот во Арекипа во Перу.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1