Девојки и момци, како до совршено тело? Еве што советува фитнес инструкторот Дејан Пауновски


„Остварете си го сонот додека не е доцна“ советува фитнес инструкторот и државниот првак на Купот на Македонија за 2010 година, Дејан Пауновски. Џогирајте, вежбајте, хранете се здраво за да имате одлична фигура, ова се кратките совет на Дејан за како да се стигне до посакуваната фигура. Тој веќе 11 години е посветен на фитнес тренинзи, меѓу другото тој со својата упорност успеал зависник од дрога да го доведе до перфектна здравствена состојба и одличен физички изглед.

dejan fitnes4

Во својата кариера Дејан се закити со второ место Сребрен медал во Тузла, Босна и Херцеговина, а неговиот најголем успех го достигна минатата година, бронзен медал на Светското првостенство што се одржа во Копер, Словенија.

 Со оглед на твоето искуство, колку Македонците знаат што всушност значи фитнес?

–  Во Македонија за разлкика од другите понапредни земји, меѓу луѓето се уште постои неразјаснета дефиниција за поимот фитнес. Постои мислење дека фитнес е дигање на терет еден час денот и гледање во огледало J Фитнесот е спорт и наука, а секој што видел бенефит од овој спорт, има на таа тема многу што да каже.

Колкав е интересот за тренинзи?

– За среќа модерниот начин на живот и социјалните мрежи полека но сигурно ја наметнуваат фитнес револуцијата како и здравиот начин на живот и исхрамна. Младите, но и постарите веќе се активни и повеќе се грижат за себе преку друштвени спортови, аеробик или пилатес, како и преку поединечните спортови. Следејќи ги популарните социјални мрежи (фејсбук, Инстраграм и Твитер) луѓето знаат што е добро за нив и преземаат мерки за нивниот изглед и здравје.

teretana vezbanje fitnes telo dejan

Фитнес – потреба и лек за модерните болести како што е стресот, здрав живот или помодарство?

Искрено јас лично се пронаоѓам во сите горенавбедени ставови. Никој не вежба само за здравје или само за изглед и мода. При редовно вежбање ќе го почувствувате ефектот на секое поле: Вежбањето стимулира лачќење и ослободување на потребните хормони на среќа, тестостерон, регулирање на крвниот притисок, го усовршува и балансира крвотокот и срцевиот такт, помага при спречлување на на најлошите болести (рак, дијабетис, срцев  удар…)

Од друга страна создава позитивна зависност кон грижата за себеси, убавиот изглед која придонесува самодоверба и пријатно расположение.

Но сепак има и  добар дел од младата популација која посетува фитнес центар само поради следење на модерниот тренд и објавување слики на социјалните мрежи. dejan fitnes3
Од кои причини најчесто луѓето почнуваат да вежбаат?

– Најмногубројни се лужето кои доаѓаат поради вишок на килограми, незадоволни од својата фигура и моменталната состојба поради лоша исхрана и неактивност.

Доаѓаат луѓе кои сакаат да се обидат да го сменат лошиот начин на живот проследен со алкохол, дрога и цигари. Сум тренирал и луѓе кои имале големи проблеми со дрогата и морам да истакнам дека сум многу среќен и исполнет што лицето успеав да го доведам до ниво на перфектна здравствена состојба и одличен физички изглед. Огромни задоволство за  мене како тренер е моментот кога клиентот е пресреќем и благодарен што сум му го сменил начинот на животот, здравјето и физичката кондиција. Доаѓаат и луѓе кои имаат проблеми со анорексија и сакаат да ја зголемат својата мускулна маса и имунитет.
dejan fitnesПоимот фитнес се користи како синоним за сите можни физички активности што луѓето ги применуваат, имаш ли ти омилен тип на вежбање (теретана, со своето тело, на кеј и сличнно)?

– Во последно време се измислија некои нови правце и гранки во фитнесот (crosfit,insanity), од вежбање со своето тело со одредени шипки па до интезивно дигање тегови без престан еден час и слично. Тоа не треба да го прави секој, а најмалку почетници кои не се спремни ниту сигурни за својата моментална здравствена состојба. Јас преферирам вежбање во фитнес сала на справи, машини, тегови, сајли односно вежби со отпор како и кардио во природа односно џогирање. Ги почитувам сите спортови, но тврдам дека токму фитнесот го стимулира ц елото трело на правилен начин и го зајакнува имуниот систем, особено кога веѓбаме со поголем отпор и го даваме максимумот.

Има ли лимит човековото тело?

За жал има лимит, но тој не е така баш лесно достижен. Секогаш можеме подобро и подобро, не само во фитнесот туку во сите области од животот. Но човекот е навикнат бргу да се откаже, да не се бори доволно, да не го дава максимумот од себе.

Такви се луѓето, некој помалку некој повеќе. За некого лимит е небото, за некого домашниот кров, Така да индивидуално е тоа. Кога станува збор за границите во фитнесот, упорноста го има главниот збор. Доколку вежбаме рекреативно, сакаме напредок, но не се обидуваме доволно преку тренингот и исхраната, ТОГАШ ЛИМИТОТ Е ПРЕМАЛ. Но доколку погледнеме некое професионално натреварување во фитнес и боди билдинг каде има луѓе од 150 килограми чиста мускулна маса, ќе сфатиме дека границите се големи, колку влогот и трудот во самите себе. dejan fitnes2
Имаш ли некоја фитнес девиза, максима, реченица што те движи напред?

Кратко и јасно: The worst thing you can be is average.

Кој е твојот совет, како да се мотивираме да почнеме да вежбаме?

За некого е потребно да се совпаднат датумите нели како 1 септември да биде во понеделникJ За некого иницијативна каписла е лошата критика или навреда за лошиот изглед.

Некои луѓе се мотивираат кога ќе се заљубат почнуваат да вежбаат со цел да бидат поприувлечни за партнерот. Некои едноставно вежбаат цела година. Јас би ви рекол дека нема подобра мотивација и предизвик од тоа да пробате да се победите себеси, секоја година да бидете посилни и позгодни од претходната.

Може ли малку опис како изгледа еден тренинг?

– Секој тренинг јас го започнувам со загревање на кардио справа, точак орбитек или трака. Потоа следува истегнување на лактите, вратот, рамениците, колкот, клолената и зглобовите, со цел да не дојде до повреда. Потоа следува мускулна маса во зависностѕ од тоа каков програм користиме при вежбањето (има повеќе типови и начини на вежбање, сите се со различна цел). Потоа следува подолго возење на кардио машините (омилен ми е степерот).

За крај, твој личен совет до целата публика:)

– Останете фокусирани на тоа што го сакате, следете го вашиот сон, пробудете се и остварете го сонот додека не е доцна. Грижете се за себе, хранете се здраво, пијте големи количини на вода, тренирајте редовно, џогирајте и размислувајте позитивно

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1