Иако редовно се грижи за својот изглед, сепак славната дизајнерка Донатела Версаче во последно време претерала со нанесувањето на козметика на своето лице.
Обидувајќи се да го спречи стареењето и настанувањето на брчките на своето лице, познатата креаторка верна на ботоксот и на бројни козметички производи често јавно доживува непријатности.
Судејќи по последните фотографии снимени при нејзиното пристигнување на аеродромот во Сао Паоло, се чини дека и пречела високата температура и лицето почнало да и се топи.
Лицето на дизајнерката и сјаело кога пристигнала на аеродромот, а папараците успеале да го уловат секој детаљ на нејзиното лице.