Џабе швалери: Истражување тврди – жените имаат повеќе оргазми со мажите, отколку со љубовниците


Жените два пати поретко доживуваат оргазам со љубовникот. Ова и научно е потврдено во истражување на научникот Џастин Гарсиа од Кинси-институтот за истражување на сексот.

seks_fuinkcioner“Жените не се чувствуваат доволно опуштено и не се осудуваат да кажат што точно сакаат кога имаат секс за една ноќ или вонбрачна врска. Тие најчесто лажат за доживеаните оргазми кои се многу многу поретки отколку при секс со сопругот или долгогодишниот партнер” –објаснува Пола Енгланд. Таа спровела истражување во кое  учествувале 24 000 лица. Истражувањето вели дека страсната предигра честопати ги обзема жените но резултатот на крајот е само тоа – страсна предигра поради непознатото, а оргазмот никаде го нема или е многу многу редок.

Кај мажите не е така, но Пола вели тоа е нормално. Процентуално мажите секогаш доживуваат поголем број оргазам при сексуален чин поради тешкотијата да го одглумат – додека за жените тоа веќе преминало и во навика. Жените сами имаат став дека тие не мора да доживеат оргазам се додека партнерот е задоволен, но тоа ги води до фрустрација која на крајот тера на вонбрачни врски и потрага по сексуално задоволство кое пак според нашето истражување е „пукање во празно“ бидејќи со љубовникот пак уште поретко го наоѓаат.

За време на истражувањето утврдено е дека 40% од жените и 80% од мажите доживеале оргазам за време на сексуален однос со “случаен” партнер.

Спротивно од тоа, 75% од жените признале дека доживеале оргазам со постојаниот партнер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1