Онлајн изданието на весникот Коха објави дека Џафери бил пронајден во тешка задравствена состојба во стан во центaрот на Тетово. По дадена првата медицинска помош во Клиничкиот центар во Скопје, лекарите прават се’ за да го спасат Џафери, но животот се уште му е во опасност.
Џафери боледуваше од Паркинсонова болест, што беше и причина за негово повлекување од политичката сцена каде цели 12 години беше на чело на ДПА, а од 2007-ма година на чело на партијата застана Мендух Тачи.