Полицијата пронајде педесет стебла на канабис со висина од 140 до 260 сантиметри покрај Вардар, во близина на скопско Моране.
Во моментов нема осомничени но полицијата поднесе кривична пријава против непознато лице, бидејќи и покрај двонеделното полициско набљудување на нивата не се појавил никој.