Ги избодeл со нож зошто зборувале лошо за бездомниците!


Прилепчанец кој привремено бил сместен во детско одморалиште во село Љубанци ги избодил со нож двајцата браќа кои биле дојдени на гости кај вујко им, откако слушнал дека зборуваат нешто лошо за луѓето сместени во одморалиштето.

Настанот се случил завчера вечерта додека насилникот бил во својата соба во одморалиштето. Насилникот испровоциран излегол од собата. Прво почнал да им вика и да се кара со нив, но во еден момент извадил нож и почнал да ги боде. Едниот од браќата добил повреда на дебелото црево, стомакот и десниот бут, а другиот имал повреди по телото и главата.

Во обид да спречи поголема трагедија, настрадал и братот на насилникот, при што и тој добил убод со нож во левиот бут.

Повредените веднаш биле пренесени во градската болница „Свети Наум охридски“.

 

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1