Фото: Баба Лина од Струмица наполни 103 години


Си дочека внуци и паравнуци. Лина има син и три ќерки, девет внуци и единаесет пра-внуци. Животот му го должи на Бога, бидејќи секое утро и вечер пеела молитви.

 

Лина Ќучукова од Струмица наполни 103 години. Традиционално како и секоја година, баба Лина го одбележува роденденот со гости од медиумите, општинските власти и се разбира, најблиските.

Баба Лина не е жена што лежи во постела или пие лекарства. Напротив, таа никогаш не пиела лекарства, ниту била на лекар, ниту знае за болест. Многу сака да шета, тврди нејзината снаа Калиопа.

Таа е многу комуникативна и подвижна личност. Отсекогаш младите во семејството и се восхитувале на нејзината долговечност. Си дочека внуци и паравнуци. Лина има син и три ќерки, девет внуци и единаесет пра-внуци.

Животот му го должи на Бога, бидејќи секое утро и вечер пеела молитви. Тајниот рецепт за долг живот и пораката што секоја година ја праќа за нас, е да не се нервираме од проблемите, за сите проблеми има решение. Кога некому од семејството му е тешко, секогаш доаѓа на разговор кај неа.

Во семејството ја слушале сите внуци и и` помагале и угодувале за се` што ќе побара, и` вареле кафе, и принесувале смоки, сладолед, банани.

Баба Лина е најстарата струмичанка. Роденденот го прослави со наут, погача, торта и локум, во присуство на претседателот на Советот Марјан Даскаловски и советничката Верица Узунова кои на баба Лина и ги пренесоа честитките од градоначалникот и општината.

фото – Радио СтрумицаНет

Tags: , , , , , ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1