Џафери: Мнозинството може да иницира импичмент на Иванов со помош на 8-те пратеници кои гласаа ,,за,,


Собранискиот спикер Талат Џафери вели дека мнозинството може да иницира импичмент за претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, но прво мора да се види расположението на осумте пратеници од опозицијата кои гласаа „за“ уставните измени во петокот, пренесува Алсат-М.„За да се усвои барањето за импичмент на претседателот потребни се две третини од гласовите што во моментот ги немаме. Би било непотребно да влеземе во процес кој знаеме дека би завршил негативно. За овие теми треба да се разговара со тие пратеници и ако тие дадат поддршка, секако дека тоа ќе се иницира“, кажа Џафери.

Осумте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се поделени во ставовите. Елизабета Канчевска Милевска во телефонски разговор за Алсат-М кажа дека нема да поддржи такво нешто. Другите пратеници велат дека не размислувале за таква иницијатива и во моментот немаат јасен став. Алсат М дознава дека мнозинството ја разгледува можноста импичментот да го воведе како механизам да се спречат можните правни и политички пречки од Иванов за договорот за името. Во случај на гласање за импичментот, до изборот на нов претседател на државата, надлежностите ги презема претседателот на Собранието.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1