Џафери: Не влијаев мојот баџанак да биде дел од Антикорупциската комисија


Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери на денешната прес-конференција, по изборот на членовите на Антикорупциската комисија рече дека немал никакво влијание во однос на изборот на неговиот баџанак за член на Комисијата и дека нивната релација нема да влијае врз работата на телото.

– Одговорот ќе биде во контекст на тоа „како вашиот колега новинар влезе во тој состав на комисијата“. За разлика од претходниот избор на комисијата овој пат учествуваа претставниците на медиумите, Советот од владата, претставници на народниот правобранител, невладините организации и Македонската академија на науки и уметности. Јас немав никакво влијание, комисијата ќе работи професионално, рече Џафери.

Нури Бајрами еден од новоизбраните членови на Антикорупциска комисија е баџанак на собранискиот спикер, Талат Џафери. Тој смета дека нема ништо спорно во неговиот избор и вели дека нема да потклекне под никакви притисоци и според него ваквата релација со Џафери, нема да бидe пречка во понатамошната работа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1