Претседателот на Владата Никола Груевски на Собранието денеска му предложи –
Нов министер за одбрана да биде Талат Џафери, координатор на пратеничката група на ДУИ.
Со евроинтеграциите да раководи Фатмир Бесими, актуелен министер за одбрана.
Нов министер за локална самоуправа да биде Тахир Хани, сега заменик-министер за транспорт и врски.
До Собранието доставени беа и оставките на министрите Фатмир Бесими, Теута Арифи, Невзат Бејта, како и на замениците – министри за внатрешни работи и за транспорт и врски Џељаљ Бајрами и Тахир Хани.
Според предлогот доставен до Собранието,Бајрами ќе биде именуван за заменик-министер за транспорт и врски, Земри Ќамили за заменик-министер за внатрешни работи и Ардиан Џеладини, за нов заменик-министер за финансии.
Изборот на новите министри треба да се случи на седницата на Собранието, закажана за в понеделник.