Талат Џафери изутринава дојде во Собранието на РМ и влезе во кабинетот на претседателот на законодавниот дом, потврдија собраниските служби.
Веднаш по влегувањето во кабинетот, Џафери имаше средба со евроамбасадорот Самуел Жбогар.
Талат Џафери во четвртокот беше прогласен за претседател на Собранието од пратениците на СДСМ и дел од албанските партии. Неговиот избор го оспорува ВМРО-ДПМНЕ оценувајќи го како неуставен и неделовнички.