Најголемата џамија во австралискиот град Сиднеј ги предупреди своите верници дека не треба да имаат ништо заедничко со Божик, објавија локалните медиуми.
Главниот имам на Џамијата Лакемба Шеик Јаха Сафи им кажал на своите верници за време на молитвата дека е „грев“ дури и да им посакаш на луѓето „Среќен Божик!“, пишува весникот „Сан хералд“.
Имамот предупредил уште дека „неверниците се обидуваат да ги тргнат муслиманите од вистинскиот пат“.
Главниот муфтија на Австралија Ибрахим Абу Мохамед изјави дека ваквите коментари се неодговорни и дека во основата на исламот се наоѓаат мирот, соработката и почитувањето кон другите религии.
Муслиманите сочинуваат околу 1,5 проценти од населението на Австралија, а една третина од нив потекнуваат од Либан.
Миа