Џастин Тимберлејк специјален гостин на Евровизија


Американскиот музичар Џастин Тимберлејк ќе настапи на овогодинешното издание на изборот за песна на Евровизија кој ќе се одржува од денес до 14 мај во Стокхолм.dzastin

Организаторите на изборот соопштиле дека Тимберлејк ќе настапи во сабота во ревијалниот дел на програмата и ќе го изведе својот нов сингл „Can’t stop the feeling“.

Минатогодишното издание на Евровизија го следеле повеќе од 200 милиони гледачи, а на престојното 61-во издание во „Ериксон Глоуб“ арената во Стокхолм ќе учествуваат 42 земји.

Продуцентот Свен Стојановиќ изјавил дека Тимберлејк ќе настапи на оваа музичка манифестација, бидејќи авторите на неговите песни се шведските композитори Макс Мартин и Шелбек.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1