Џејми Оливер банкротира во обид да го спаси своето царство


,, Сметката ми е празна. Веќе не смеам да ризикувам.” , изјави познатиот готвач и сопственик на ресторани , Џејми Оливер.

Популарниот готвач Џејми Оливер веќе подолго време се соочува со сериозни финансиски проблеми . Откако минатата година негвиот синџир на ресторани се соочи со банкрот , Оливер вложи 12,7 милиони фунти, односно сите свои заштедени пари за да го спаси своето царство. Но , тоа остави сериозни последици , па како што вели готвачот , сега останал без ниедна фунта.

,,Немам веќе париз а дополнителна поддршка на рестораните.” , изјави Оливер. На прашањето дали повторно би се изложил на ризик за ново вложување , тој е дециден.

,, Не зошто ништо не ми остана на сметката . Не смеам веќе да рескирам и да ги загрозам луѓето кои работат за мене. “ , заклучи готвачот.

Инаку , првиот ресторан наречен Jamie’s Italian тој го отвори во 2008 , а на почетокот на годинава беше принуден да затвори дури 12 свои претставништва поради долг од 71,5 милиони фунти .

Отказ добија околу 600 вработени во неговите ресторани.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1