Актерката изразила голема желба за потомство. После низа неуспешни врски, овојпат убавата актерка сака да има потомство со Џастин Теру.
„Анистон и Џастин се во потрага по сурогат мајка“, рекол еден близок пријател за магазинот „The National Enquirer“. Според наводите на изворот, инспирацијата за овој потег Анистон ја добила од актерката Никол Кидман која на ист начин станала мајка.
„Таа и Џастин се одлучија за најдобрата работа за нив, па сега бараат идеална кандидатка за нивното дете“.