Џенифер Анистон сака бебе – бара сурогат мајка


jennifer-aniston-justin-theroux

Познатата холивудска актерка Џенифер Анистон и нејзиниот вереник Џастин Теру се во потрага на сурогат мајка, според пишувањата на американскиот весник “The National Enquirer”.

Актерката изразила голема желба за потомство. После низа неуспешни врски, овојпат убавата актерка сака да има потомство со Џастин Теру.

„Анистон и Џастин се во потрага по сурогат мајка“, рекол еден близок пријател за магазинот „The National Enquirer“. Според наводите на изворот, инспирацијата за овој потег Анистон ја добила од актерката Никол Кидман која на ист начин станала мајка.

„Таа и Џастин се одлучија за најдобрата работа за нив, па сега бараат идеална кандидатка за нивното дете“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1