ЏИХАДИСТИ СЕ ОБИДОА ДА ВЛЕЗАТ ВО РУСИЈА – 10- МИНА ЛИКВИДИРАНИ


Специјалните единици на руската армија убија 10 терористи лојални на Исламска држава, пренесува Раша тудеј. Специјалната акција во околината на градот Налчик во Северен Кавказ – Борбите меѓу руските специјални сили и џихадистите почнала во шумата околу Налчик.dagestan11

Пребарувајќи го теренот специјалците ја забележале групата на терористи и започнале да дејствуваат. Руските војници ја опколиле областа во која биле сместени терористите и побарале од џихадистите да се предадат, но тие одговориле со отворање оган од автоматско оружје и фрлиле неколку бомби.

Според првичните извештаи, 10 терористи се убиени. Меѓу руските специјални сили нема жртви.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1