Радикалните муслимани преку интернет, посебно на босанските портали и социјални мрежи, во коментарите го возвишуваат терористичкиот напад на францускиот неделник ” Шарли Ебдо”.
Следен е Белград – Доколку има војна, ниеден Србин нема да остане на планетата…
Јас се надевав на ова. Жал ми е ако има невини жртви, но за овие карикатуристи воопшто…
Искрено кажано, многу ми е мило! Штета што нема повеќе мртви! Кој си игра со оган, тој ќе се изгори…Да видиме дали сега повторно ќе си играат… Ова се само дел од коментарите на порталот Санџак прес.
Аналитичарот Душан Јанјиќ вели дека таквите реакции потврдуваат дека живееме во свет на омраза, насилство и глобален тренд на пораст на радикалниот и верскиот екстремизам.
-Сериозни се ризиците дека и кај нас ќе се случи трагедија како во Франција, а ние се однесуваме како да сме скандинавска земја. Србија не може да решава глобални проблеми, но мора да ги засили службите и да се посвети повеќе на борбата против тероризмот, бидејќи на наша територија се обучувани вехабии, наведува Јанјиќ, а пишува српски Курир.
Поради опасноста нападите да се прошират низ Европа и Балканот, полицијата ги зголемила мерките за безбедност во Босна, на цела територија на Србија, а посебно во Санџак и Рашка.
Зоран Драгишиќ, професор на Факултет за безбедност во Белград, предупредува на таканаречениот синдром на крвава стоногалка, во кој по некој голем терористички напад, се случуваат уште исти.
Нови злосторства
–По нападот на редакцијата на “Шарли Ебдо” се случија уште две злосторства во Франција. Многу е важно да се види дали станува збор за “крвава стоногалка”, односно дали луѓето го имитираат претходниот напад, вели Драгишиќ и додава:
Напаѓачите дошле во моментот кога имало состанок во редакцијата, добро го познавале распоредот на просториите, што укажува на тоа дека имале некој од внатре кој им помагал и им давал информации”, истакнува Драгишиќ.