Постои врска меѓу убијците во Шарли ебдо и напаѓачот кој држи заложници во супермаркет


Мажот кој држи заложници во супермаркет во Париз најверојатно е поврзан со осомничените за нападот врз весникот Шарли ебдо, соопшти француската полиција.

Во меѓувреме, полицијата објави фотографии на маж и жена за кои постои сомнение дека се одговорни за убиството на полицајката вчера крај Париз.2489BD7B00000578-2903380-image-a-15_1420808371847

Постои врска меѓу двајцата џихадисти осомничени за нападот врз неделникот Шарли ебдо во средата при што загинаа 12 луѓе, и осомничениот убиец на полицајка при пукање ден подоцна во Монруж, јужно од Париз, јавија француски медиуми повикувајќи се на полициски извори.

Досега француските власти сметаа дека нема врска меѓу двата случаја.

Според медиумите, мажот осомничен за убиството на полицајката е член на истата џихадистичка група како и осомничените за масакрот во неделникот Шарли ебдо.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1