Затворени две писти на парискиот аеродром „Шарл де Гол“, авионите се пренасочуваат


Заради акцијата на трагање по осомничените за нападот врз францускиот сатиричен весник, што се одвива во местото Дамартен-он-Гоел, две писти за слетување на главниот париски аеродром „Шарл де Гол“ се затворени, а авионите се пренасочуваат, јавија француските медиуми.

Авионите добиваат рути што не одат над ова мало место.aerodrom_london

Дамартен-он-Гоел се наоѓа на смао 12 километри од парискиот аеродром, потсетуваат француските медиуми.

Портпаролот на аеродромот изјави дека пренасочувањето на авионите не влијае врз нормалното одвивање на авиосообраќајот.

Француските медиуми пренесуваат дека над Демартен-он-Гоел летаат најмалку три хеликоптери.

Браќата Куаши, како што пренесуваат медиумите, се кријат во една штампарија и држат еден заложник.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1