Приказната за скакулците кои се појавија во Битола, добива на актуелност. Речиси и да нема регион во градот каде не се видени, овие како што ги нарекуваат битолчани џиновски и неканети гости јавува Тв Тера од Битола.
Од центарот за јавно здравје велат дека тие не се никаква опасност по здравјето на населението.
Од Агенцијата за развој и поттикнување на земјоделеито истакнуваат дека освен во могилската општина со местимична појава на скакулци, особено кај тутунот, не е пријавена некаква инвазија врз земјоделските култури.
На територијата на Новаци не се занележани сакакулци врз земјоделските култури.
Но, во Битола ги има насекаде, дури и во центарот на градот. Ова е во строгиот центар кај плоштадот Гоце Делчев. Оваа фотографија ја испрати гледач чии дом во Битола бил окупиран од овие скакулци.
Повеќе на ТВ Тера